Град Скопје на неколку минути пред полноќ, испрати соопштение во кое известува дека од утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат редовно и во полн капацитет.
Ова доаѓа по серијата на поплаки од граѓаните, кои во изминатиот период чекаа и по неколку часа автобуси на ЈСП Скопје.
„Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, стои во краткото соопштение од Град Скопје.