Градежните работи почнати пред 10 години и уште траат, за „Благоја Тоска“ од Тетово велат ја завршиле работата, на потег е владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повторно започнаа градежните активности на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. Од општината пред неколку денови информираа дека работата ќе започне од средното текстилно училиште затоа што компанијата ЕВН треба претходно да изврши неколку интервенции. Што се однесува до делот кај тетовската болница, градоначалникот на општината вели дека за овој дел најверојатно ќе биде потребна и асистенција од страна на полицијата, доколку граѓаните протестираат.

„Започнаа градежните активности на булевар „Благоја Тоска“. Од општина Тетово велат дека ги решиле сите правно сопственички работи, но сепак отворањето на булеварот се одолговлекува повеќе од 10 години“.


Прашавме во општината за вкупната вредност на проектот и времето за реализација на истиот. Одговорија кратко велејќи дека нивната одговорност во врска со булеварот се однесува само на делот за експропријација и ништо повеќе. Овој проект е финансиран од страна на ТАВ.

„Што се однесува до надлежностите на општината во врска со експропријација на имотите, сите овие работи се решени. Отворањето на овој булевар неколку пати беше промовиран од страна на претходното градско раководство, но не беше завршен. Со доаѓањето на новото раководство овој проблем е конечно решен и сега одговорноста за завршување на овој проект преминува кај централната власт“, велат од општина Тетово.


Што се однесува до финансиските средства, од она што е досега познато, во Ноември 2020 година владата издвои 29.5 милиони денари, средства кои беа наменети за експропријација на приватните имоти. Додека на 15 Јуни 2021 година општина Тетово доби средства од страна на ТАВ-Македонија во вредност од 42.6 милиони денари, за реализација на проектот. Булеварот „Благоја Тоска“ ги поврзува двата најголеми булевари во Тетотво, „Илирија“ и булеварот „Илинден“.