Градоначалникот на Гази Баба Георгиевски со два негативни теста ја напушти Инфективната клиника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Борис Георгиевски со два негативни теста на Ковид-19, ја напуштил Клиниката за инфективни болести и е пуштен на домашно лекување.

Георгиевски упати голема благодарност до сите вработени и целиот медицински тим. Исто така истакна дека донирал 10 навлажнувачи на кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок.