Граѓаните 20 илјади денари, а политичарите 2000 евра плата – колку ќе се зголемат платите на државите службеници?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека еден обичен граѓанин со плата од 20 илјади денари едвај го минува месецот, пратениците кои се избрани со гласовите на граѓаните со зголемувањето на платите, според одлуката на Уставен суд, ќе земат околу 106 800 денари. Според пресметките, пратениците кои досега земале 60 илјади денари, со зголемувањето на платата од 46 800 денар, нето платата ќе им изнесува 106 800 денари.

Пратеници:

  • Сегашна плата 60.000 денари
  • Покачување на платата: 46.800 денари
  • Новата плата: 106.800 денари

Помала нема да биде ниту платата на шефот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите, директорите и другите службеници. На пример, претседателот Стево Пендаровски, кој има највисока плата во државата, сегашната плата му изнесува 93 000 денари, а со покачувањето ќе земе  165 000 денари.

Стево Пендаровски, претседател

  • Сегашна плата 93.000 денари
  • Новата плата 165.000 денари

Платата на Претседателот на Собранието, Талат Џафери и на Премиерот, Димитар Ковачевски, ќе изнесуваат 150 000 или околу 2000 евра. Платата на министрите која сега изнесува 65 илјади денари, со новото покачување од 50 000 денари, нивната плата ќе биде 115 000 денари.

Министри на владин кабинет

  • Сегашна плата 65.000 денари
  • Покачување на платата 50.000 денари
  • Нова плата: 115.500 денари

Речиси за 80% повисоки плати ќе земаат сите зм.министри, градоначалници на општини, директори на државни институции, судии и други функционери. Како да се најде решение и да се запре ова енормно покачување на платите, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски преку отворено писмо испрати предлог до Талат Џафери и до координаторите на пратеничките групи во Собранието.

„Наместо да молчите, свикајте ад-хок координација согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание и донесете Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално ќе си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват Законот. Ова законско решение потоа, по итна постапка можете да го донесете уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила уште веднаш“, вели Трајко Вељановски.

Уставниот суд со одлуката за укинување на два члена од Законот за плати и надоместоци на функционери овозможи зголемување на платите на функционерите за 78%. За ова имаше многу реакции во јавноста, меѓу кои и од шефот на државата Пендаровски, кој побара да се направи се за ова да се укине. Од Владата велат дека одлуката на Уставниот суд мора да се почитува, но за да не се спроведе покачувањето, ќе  ја разгледаат можноста за намалување на коефициентот.