Мал е бројот на граѓани кои чекаат ред за вакцинација во холот на Поликлиника Чаир. Ако пред неколку месеци на дневно ниво се имунизираа по 1000 граѓани, сега во текот на денот се вакцинираат околу 200 лица, вели доктор – Рејхане Ибрахими.
„Сега во текот на првата смена имаме по 100 пациенти, во текот на втората смена исто така имаме по 100 пациенти, а во текот на летото имаме зголемен наплив на пациенти кои доаѓаа за вакцинација. Околу 500 пациенти имавме во една смена, така да вкупно имавме по 1000 пациенти. Поголема заинтересираност имаше за третата доза бидејќи имаше и одредени рестрикции“, вели Ибрахими.
Граѓаните пред камерата на ТВ21 искрено велат дека се вакцинираат за да патуваат.
Инаку видно е намалена заинтересираноста за вакцинација. Според податоците на Институтот за јавно здравје за една недела во нашата земја се вакцинирале само 3 илјади граѓани со две анти ковид дози, а повеќе граѓани се имунизирале со третата доза, односно околу 4 илјади.
29.01.2022 842 917 граѓани се вакцинирани со две дози, 128 268 со три дози
06.02.2022 845 121 граѓани се вакцинирани со две дози, 132 492 со три дози
Инаку министерот за здравство, Беким Сали не превидува кампања или воведување на дополнителни мерки за поттикнување на имунизација, а мината недела заедно со верските лидери упати апел за имунизација.
