Револтирани и нервозни граѓани поради блокираните улици од паркираните приватни автобуси. Велат дека ги поддржуваат возачите на автобусите, но според нив, треба да ги блокираат надлежните институции, а не цел град.
„Овие блокади не треба да се случуваат, но според државата се случуваат“.
-Што мислите, кој е виновен во овој случај?
„Виновна е Владата“.
-Мислите ли дека и градоначалничката на Град Скопје има вина?
„Да, и таа бидејќи еднаш се пофали дека автобусите ќе бидат бесплатни, а сега се наплаќаат“.
-Колку ви е тешко да се пробиете поради блокадата?
„Не само нам, на целиот народ му е тешко. По 3-4 часа чекаат за да стасаат на работа“.
„Јас мислам дека треба да одат кај виновникот, не е виновен народот. Ако има виновник, тоа е едно лице, каде заминаа тие пари? Оној што ги земал парите, кај него нека одат и нека се жалат“.
-Според Вас, кој е виновен во овој случај?
„Оној кој се занимава со ова, бидејќи народот ги плаќа билетите. Нека одат кај сопственикот кај кого завршија парите“.
Од друга страна пак, возачите на автобусите им се извинуваат на граѓаните поради блокирањето улици. Велат дека друго решение немаат и дека целата ноќ ја поминале во паркираните автобуси.
„Најголемата одговорност се знае кај кого е, кај Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈСП“.
-Данела Арсовска ве обвинува и за кражба. Што ќе кажете на тоа?
„Таа обвинува за кражба, но без факти, бидејќи ние многу добро знаеме дека никој не продавал билети. И патниците кои патуваат со нас, и тие многу добро знаат дека ние немаме билети“.
-Како истуркавте неколку месеци без плата? Како се справивте?
„Душата ни знае, со долгови…“
„Јас не знам што сторивме, што нѐ снајде ова.“
-Градоначалничката ве обвинува и за крадење?
„Таа обвинува, но нека каже каде сме краделе. Не знам каде сме краделе, што сме украле и како можеме да крадеме?“
Засега ниту Град Скопје, ниту пак Владата не изнајде решение за надминување на оваа ситуација.
