„Граѓаните сакаат реакција во борба против корупцијата, системот тука е оштетен веќе долго време“, рече Агелер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Анџела Агелер, амбасадорката на САД во земјава, зборуваше на тема корупција. Таа за „Слободен печат“ кажа дека се грижи за земјава, и дека граѓаните заслужуваат подобро, а тоа е можно само со гонење на корумпираните лица.

„Се грижам за оваа земја многу, многу длабоко. И тоа е, верувам, една од причините зошто гонењето корумпирани актери ми е толку важно, затоа што народот заслужува подобро. А оние што се навистина разочарани, очигледно се граѓаните“, рече Агелер и додава:

„Од реакциите што ги добивме од десигнацијата во вторникот наутро, видовме овде дека има огромна реакција од обичните граѓани, кои велат „да, ве молам, сакаме да видиме акција“. Според тоа, моето разочарување е многу, многу безначајно и неважно во споредба со оние што се најмногу погодени од тоа. Значи, ако се надевам дека ќе се преземе акција, тоа е за луѓето во оваа земја што мораат да живеат со корупција секој ден“, вели Агелер.

Агелер рече дека системот е многу оштетен, и дека истиот не може да се направи за брзо време.

„Вие знаете дека кога имате систем што е толку оштетен, тоа не е нешто што може да се поправи за шест месеци. И ова е проблем што се зголемуваше во многу претходни администрации. Тоа искрено постоеше во некои форми во последните неколку децении. Како што јас го разбирам тоа, за да навистина се покажат реформи во овие области, ќе треба да има големи, структурни промени. И искрено, огромна инвестиција во овие два сектора. Знам дека финансиски, Владата мака мачи со буџетот. А ова не се работи за кои можеме да видиме брзи „поправки“. Но, тие се многу свесни, бидејќи нивните гласачи им кажуваат, дека тоа се проблеми што треба да се решат“, рече Агелер.

На прашањето дали системот бил оштетен за време на последната влада, одговори:

„Мислам дека беше. Но, не ја обвинувам последната влада. Верувам дека тоа е системски проблем, што егзистира со децении.  Тоа не значи дека претходната влада го уништила, а бил добар. И тоа не значи дека новите момци го уништиле. Тој е оштетен веќе некое време“, кажа Агелер.