Вкупниот депозитен потенцијал во деветтиот месец во споредба со август е во пораст, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во септември салдото на депозитната база изнесувало 4,7 милијарди евра, со раст од 5,4 милиони евра на месечно ниво.
Тренд на намалување на депозитите има кај фирмите. Само за еден месец, од август до септември, штедењето на компаниите се намалило за скоро 50 милиони евра.
Пад на штедењето на компаниите, Народната банка регистрираше и во однос на јануари, пришто намалувањето изнесува речиси 30 милиони евра.
Депозитите на секторот “население“ во деветтиот месец имале салдо од 3,3 милијарди евра со пораст од 24 милиони евра на месечно ниво. Во споредба со состојбата во јануари, депозитната база на домаќинствата е заголемена за скоро 47 милиони евра.
