Никола Грбчевски од министерството за здравство, гостувајќи во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 на тема Закон за заштита од пушење, рече дека законот ќе се имплементира во фази, односно дека нема да има веднаш казнување, туку прво опомени. Законот треба да стапи на сила на 1. март 2026 година.
„Во дијалог со јавноста и бизнис заедницата ќе одиме со мека примена на закнот ке ќе значи на почеток опомени, едукација, рамо до рамо работа во правец на исполнување на услоивите создавање на јавни простори без чад. Дали законот ќе биде донесен до 1. март, зависи од многу фактори. Паралелно на тоа водиме дискусија институционална каде добиваме фитбек од сите кои се засегната во имплементацијата. Понатаму ставот на министерството е дека законот треба да биде донесен што е можно поскоро, но имплементацијата би одела фазно – односо прво би се изрекувале опомени, па потоа казни. Се соочуваме со голем проблем, речиси пола држава пуши, има фрапантен тренд кај младите за пушење, и тоа сакаме да го спречиме“, изјави Грбчевски.
