Грковска: Усвојувањето на законот е неопходно – конфискување имот за кој не може да се докаже дека е правно стекнат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неможноста за располагање со имот за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, а во насока на спречување на кривични дела поврзани со организиран криминал и корупција, е целта на донесување на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка за кој јавна седница се одржа денеска во Клубот на пратеници. Предлог Законот има за цел да го заштити јавниот интерес за да спречи каква било корист од богатството, рече вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска. Таа додаде дека поради пропусти во законот, криминалното и коруптивно однесување не е доволно санкционирано.

На оваа јавна дебата требаше да учествува и министерот за правда, Кренар Лога но како што рее Грковска, бил спречен поради здравствени причини.

Како претставник на Министерството за правда, Никола Прокопенко соопшти дека усвојувањето на овој закон е во пакет со други закони кои се во подготовка во рамки на ова министерство.

Подготовката на проект законот за конфискација на имот во граѓанска постапка започна со подготовка на текст базиран на физибилити студија и анализа на ситуации и модели на конфискација во модерниот правен систем, кој е подготвен во соработка со Кабинетот за политики за добро владеење и Советот на Европа.