Заменичката на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во принцип договорот со Бехтел и Енка треба да биде објавен доколку нема клаузула, која би можела да претставува пречка.
„Договорот во суштина можно да се разгледува во Парламент, односно понудено е од Владата да се разгледа во редактирана форма“, вели Грковска, која додава дека не е сигурна дали истиот е стигнат бидејќи истиот го води вицепремиерот Артан Груби.
Таа вели дека во делот во кој неа ја интересира е даден во Државната Комисија за спречување корупција и обвинителство за да се види дали има недоследности.
За тоа зошто истиот не е презентиран во јавноста, Грковска вели дека проценката е најдобро да не се доведат како држава од страна на компанијата дека оддаваат тајна.
