45-годишен маж кој бил убиен, а потоа запален за да се прикријат трагите на злосторството, е пронајден меѓу ѕидови на руинирана куќа на падините на планината Козјак, над селото Рупотина во близина на Солин, Хрватска.
Карбонизираното тело го пронашле случајни минувачи, а полицијата веќе втор ден имала индиции за кого станува збор, иако телото било непрепознатливо.
Поради сомниение дека се поврзани со убиството, сплитската полиција ги уапсила Игор Докиќ, неговиот 19-годишен внук, и Марко Гилиќ.
Според медиумите во Хрватска, убиениот маж е Ловре В. од Сплит, а како мотив за убиството наводно биле долгови за дрога, но и љубовна врска на убиениот со поранешната партнерка на Гилиќ.
