Грција изгласа: Се забрануваат социјални мрежи на лица под 15 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчкиот парламент изгласа забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 15-годишна возраст, мерка што ќе стапи на сила на 1 јануари. Според јавниот сервис „ЕРТ њуз“ (ERT News), со ова Грција станува една од првите земји во ЕУ што воведува ваква политика.

За време на дебатата, министерот за дигитално управување и вештачка интелигенција, Димитрис Папастергиу, ја бранеше новата регулатива, опишувајќи ја како неопходна, ефикасна и пропорционална мерка, која е во согласност со законодавството на ЕУ.

„Денес би било многу лесно да не се направи апсолутно ништо и да се чека на ’совршениот‘ европски закон“, изјави Папастергиу.

Министерот нагласи дека неконтролираното користење на интернетот – кое кај децата може да доведе до зависност и да им наштети на менталното здравје – не смее да продолжи.