Грција: Поостри мерки во три региони, продолжување на мерките во Атика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради зголемувањето на бројот на нови случаи со коронавирусот и притисокот врз болниците, грчката влада објави затворање на сите училишта во земјата и поставување на уште три региони во црвената зона.

Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, најави построги ограничувања на јавното движење и полициски час за регионите на Халкидики на северот на Грција, Евријанија во централниот дел на земјата и источниот егејски остров Лезбос, пишува „Катимерини“.

Заклучувањето ќе биде продолжено за најмалку уште 10 дена во регионот Атика.

Грчките здравствени власти посочуваат дека состојбата со епидемијата се влошува и покрај строгите мерки и проценуваат дека во Грција во моментов има околу 20.000 активни случаи на коронавирус, од кои половина се во Атина.

Во Грција дневно во просек се регистрираат околу 2.100 нови случаи КОВИД-19