Откако САД го ставија на црната листа, Артан Груби најави дека ќе се повлече од јавниот живот, а за ова Блерим Беџети од ДУИ во студиото на Дејли Клик на ТВ21 изјави дека Груби повеќе не е дел од Демократската унија за интеграција.
„После тоа, Артан Груби се повлече од јавниот живот. Тој всушност не е дел од ДУИ после одлуката да биде ставен на црна листа“, изјави Блерим Беџети.