Груби по пат почнал да добива пораки, но продолжил кон Тирана каде барал адвокатска помош за отстранување од црната листа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според извори на ТВ21, Артан Груби го замолил стопанственикот да отпатуваат за Тирана, каде што требало да се сретнат со група адвокати кои би започнале постапка за негово отстранување од црната листа.

Патувањето било договорено два дена однапред. Тргнале рано наутро, околу 8 часот, откако купиле геврек и јогурт од пекарницата „Берекет“. На граничниот премин, каде што имало неколку возила, конзулот ги предал пасошите на полицаецот и го прашал зошто има таква гужва и дали имаат решение. Полицаецот одговорил дека „немаат доволно луѓе“. Пасошот на стопанственикот кој е и почесен конзул бил задржан 10 секунди, а од Груби само 2 секунди.

Рампата била крената и поминале без проблем. Истото го направиле и на влез во Косово.

Патот ги водел преку Приштина кон Тирана. Неколку километри пред Приштина, Груби почнал да добива пораки дека против него има активна постапка и дека е барано негово присуство. Стопанственикот му предложил да се вратат, но Груби одлучил да продолжат кон Тирана.

По пат како што веќе објави ТВ21, неколку пати застнале на бензински пумпи каде Груби користел тоалет.

Во Тирана, Груби бил оставен во центарот на градот, додека стопанственикот се упатил кон својата куќа во ресорт во Драч. Следното утро, околу 6 часот, бизнисменот се вратил во Скопје.