Груби: Приватна посета, нема место за шпекулации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби денеска се огласи преку објава на друштвените мрежи, појаснувајќи дека е на приватна посета во Косово, откако низ друштвените мрежи се појави информацијата дека тој избегал од Македонија. Груби побара од јавноста да не се создаваат шпекулации околу неговото патување.

„Почитувани, денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате,“ истакна Груби, додавајќи дека патувал со своите редовни патни исправи и дека за неговото патување е информирано личното полициско обезбедување.

Тој најави дека по завршувањето на обврските, ќе се врати дома кај своето семејство.