Груби: Се одмаздуваат политички на мојот роднина, Фазлиу: Криво му е што Алтернатива не издвоила пари за споменици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред неколку дена, виолинистот, Блерим Груби, се жалеше дека Министерството за култура, како што кажа, го навредило со издвоената сума како поддршка за фестивалот „Камерфест“

„Кога видовме дека сумата за поддршка на овој фестивал е смешна, ниту 2 илјади евра, јас се разочарав и бев, како да кажам, навреден од поддршката на Министерството за култура. Предвидени се 2 милиони денари, а издвоени се само 120 илјади денари.“, рече Груби.

Алудирајќи на тоа дека Министерот за култура е кадар на Алтернатива, Артан Груби од ДУИ, во Клик Плус рече дека ова претставува одмазда поради тоа што Блерим Груби е негов роднина.

„Сакам да изразам жалење за еден мој роднина, кој ја плаќа цената на моето презиме, Блерим Груби, одличен уметник, универзитетски професор, исклучителна вредност на албанската култура. Тој ми е роднина, но страда од политиката за одмазда кон презимето, недобивајќи проекти за сериозна класична музика“, изјави Артан Груби.

Реагираше шефот на кабинетот на министерот,Фатон Фазлиу. Тој на фејсбук напиша дека Министерството за култура не ги дели граѓаните според презимето, туку според нивните дела.

„Имајќи ја предвид кражбата, Артан од ДУИ смета дека сите се крадци како него. Можеме да не се согласиме за политиката, ама барем еднаш научи се да ја кажеш вистината. Тоа е добро за умот и срцето. Министерството за култура не ги дели луѓето по презимето туку според делата. Да беше критериум името и презимето, како што прави тој и неговата партија, многу проекти немаше да бидат ниту разгледани. Јас знам дека криво му е што Алтернатива не дава средства за спомениците кои ги спонзорираше ДУИ, како што е тој на Цар Душан и споменикот на тој што изгледа како Неџат Аголи, но тој заборава дека ние за две години издвоивме буџет за албанската култура колку што тој и неговата партија не издвоиле за 18 години.“, изјави Фатон Фазлиу.

За случајот Груби, пред неколку дена официјално се произнесе и Министерството за култура. Од таму велат дека годинава, директорите на институциите одлуките за проектите ги донеле заедно со комисиите на Министерството, при што врз основа на буџетот тие одлучиле кои проекти се приоритетни.

Инаку, Блерим Груби, со неговиот проект Камерфест предвидел 8 концерти. За нивна реализација се предвидени 2 милиони денари, но Министерството за култура издвоила само 120 илјади денари.