Груби за импровизирана седница: Изгласани уставните амандмани, Села избран за спикер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Артан Груби од ДУИ изјави дека Европскиот фронт денеска импровизирал седница на Собранието на која била презентирана програмата што ќе прави Фронтот во следниот парламентарен состав.

Груби рече дека тоа ја претставува идејата на што ќе инсистира оваа коалиција во Собранието и во Владата.

„За претседател на Собранието е избран Зиjадин Села. Изгласани се уставни измени според Договорот за добрососедство, како и уставни измени за начинот на избор на претседател, од следните избори во 2029 година, каде претседателот би се избирал во Собранието со мнозинство од 2/3 од пратениците и дополнително мнозинство на Бадентер“, рече Груби.