Груевски: Никогаш не сум избегал, само времено се засолнив од политичкиот прогон врз мене

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преку социјалната мрежа Фејсбук се обрати и Никола Груевски за кој денеска обвинителката Вилма Русковска рече дека сакал да се соочува на избори, но не и со правдата.

„Никогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев на судските рочишта и за тие кои одблиску и непристрасно го следеа процесот покажав и докажав дека ме судат без вина во очигледен политички прогон со политички монтиран процес и дека судот, исто како и обвинителството, е ставен во политички цели и работи со политички мотиви и инструкции. Затоа кога веќе завршија и се исцрпеа сите можни начини за докажување на вистината, соочен со неправдата и пораките за линч кои ги добивав, одлучив да заминам од земјата и времено да се засолнам од налетот на политичкиот прогон врз мене“, напиша Груевски на Фејсбук.