Array

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ беше за бојкот на референдумот, јас бев за „ПРОТИВ“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер, а сега азилант во Будимпешта, Никола Груевски денеска преку неколку Фејсбук објави ги искажуваше своите мисли и ставови околку актуелните политички состојби, договорите со Бугарија и Грција, но го искажа и својот став околу референдумот кој се одржа на 30. септември, а на кој граѓаните гласаа дали се за ЕУ и НАТО прифаќајќи го договорот од Преспа.

„Ќе беше уште потриумфално, можеби и со подобри ефекти на краток рок, доколку наместо стратегија ,,бојкот,, се одеше и се победеше со стратегија ,,против,, за што сум уверен дека со навремено отпочната силна и интензивна кампања, уште од крајот на пролета 2018та, и со 10тина набљудувачи на секое гласачко место, ќе донесеше грандиозна победа на ,,против,, наспроти ,,за,,. Мотивите за овој став, секако беа различни од мотивите на сите оние кои ја охрабруваа опозицијата да не бојкотира туку да гласа ,,против,,. Повеќето од тие препораки беа мотивирани со цел да победи ,,за,, и да успее референдумот. Мојот мотив и убеденост беше да победи ,,против,, на прашњето за договорот од Преспа во таква форма и со таква содржина, но одкако видов дека се дозволи идејата за бојкот многу брзо и непречено да завземе такви големи размери, веќе беше ризично со повик за гласање ,,против,, да се дели македонското национално ,,ткиво,, а во корист на намерите на марионетската власт и начинот на кој таа ја вршеше целата операција“, напиша Груевски на Фејсбук.

Павле Богојески пак беше единствен од ВМРО-ДПМНЕ кој се залагаше против бојкот на референдумот, па по објавата на Груевски на Фејсбук запраша кој е предавникот овој пат.

„Груевски – реформатор?!? ?
И гласот “против” е глас за Македонија! – сега Ви текна?!?
Кој е сега предавникот?!?
Каде сте патриоти, кај отидовте?!?
Не за Вас, ами од Вас плаче Македонија!!!“, напиша Богојески на својот фејсбук профил.

Груевски за прв пат го открива неговиот став и вели дека референдумот не требало да се бојкотира, туку тој бил за да победи опцијата „ПРОТИВ“. Груевски преку овој статус го открива и ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која вели дека била за бојкот на референдумот. Неговата партија досега во ниту еден момент не изјави дека имаа став по однос на референдумот, а пред одржувањето на референдумот, претседателот Христијан Мицкоски повика народот да гласа по сопствено убедување.

На почетокот од месец Август, ТВ21 на улица Македонија го запраша Груевски дали ќе гласа на раферендумот, но тогаш не одговори на нашите прашата.

Груевски без одговор дали ќе излезе на референдум, Јакимовски ќе бојкотира

Груевски без одговор дали ќе излезе на референдум, Јакимовски ќе бојкотира Gruevski nuk ka përgjigje se a do të votojë në referendum, Jakimovski do të bojkotojë

Gepostet von TV21 am Freitag, 3. August 2018