Ѓуровски: Министерот Османи многу повеќе ги брани позициите на Македонија од некои министри Македонци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со професорот Марјан Ѓуровски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме на актуелни политички теми. Неизбежно е и спорот на Македонија со Бугарија.

Ѓуровски кажа дека Министерот за надворешни работи Бујар Османи застанува зад позициите на Македонија повеќе од некои македонски министри.

„Османи во овој период многу повеќе од македонските министри, односно министрите Македонци, ги брани позициите на Македонија со Бугарија, и има проактивна политика во европските центри. Сметам дека и стратегијата рефлексија 20-30 која е започната во МНР ќе придонесе кон будење на структурите во МВР бидејќи покрај слабостите во безбедносниот систем, мораме да констатираме дека имаме слабости и во македонската дипломатија, редефинирање на одредени приоритети“, рече Ѓуровски.