Ѓуровски: За поздравување е изјавата на Ахмети дека на 27. април не гледа тероризам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот Марјан Ѓуровски вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Разговараме за безбедносната ситуација во државата, и за членството на НАТО, како и на разни други теми.

Ѓуровски коментирајќи за 27 април, во „Клик Плус“ кажа дека се согласува со изјавата на Али Ахмети дека тој случај не е тероризам.

„За поздравување е изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој за 27 април кажа ‘не гледам тероризам’“, вели Ѓуровски.

Тој коментираше и за утрешната средба меѓу Пендаровски и Мицкоски, но кажа дека не верува дека ќе биде разговарано за помилување на учесници во настаните во „27 април“.

„Не верувам дека ќе има помилување, Пендаровски нема да се одлучи за таков преседан. Но, имајќи во предвид неговото искуство, очекувам една порака на политичка култура едно заедничко градење на политичките ситуации. Една порака да се испрати, парламентот да се одблокира пред се“, рече Ѓуровски.

Целата изјава низ видео: