Проф. Методи Хаџи Јанев вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека кога се правени доктрините, истите се развиени на принцип да бидат самоодржливи.
Според него, тоа значи дека доколку има напад од една страна, другата (нападнатата) ќе возврати без човечко влијание.
„Тоа значи дека се воспоставени системи за управување со оган, кои доколку нема човечка интервенција би значело дека ќе го лансираат системот автоматски, во превод ако дојде до изненаден удар од Русија врз едната од страните или до САД, во тој случај и да има САД загуби – копчето или системот сам ќе ги лансира, после отклучување на одредени контролни механизми, а тоа значи дека Русија исто така ќе биде уништена“, вели Хаџи Јанев.