Проф. Методи Хаџи Јанев вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека со заканите за лансирање на ракетата Орешник, рускиот претседател Владимир Путин сака само да ја засили својата реторика со цел да купи подобри позиции во договорот за крај на војната.
„Во тој договор ќе мора да се седне на таа преговарачка маса, и нормално кога ќе седнете на таа маса зависи од тоа со колкава тежина седнувате и кој е вашиот влог односно што е тоа што вие го имате како гаранција за да ја убедите другата страна дека сте сериозен во тоа што го правите“, вели Хаџи Јанев.
Според него, Западот воопшто не се наивни во оваа ситуација.
Целата изјава во продолжение: