Висок функционер на Хамас денеска изјави дека палестинската исламистичка организација му испратила на Израел список на заложници кои денеска ќе бидат ослободени, пренесоа палестинските медиуми.
Еден израелски функционер изјави за јавниот радиодифузен сервис Кан дека Хамас им ги дал имињата на три жени на посредници.
Претставник на Хамас вклучен во преговорите за прекин на огнот претходно изјави дека списокот со заложници ќе биде предаден „во секој момент“, но дека сложената ситуација во Газа и израелските бомбардирања го предизвикале одложувањето.
Официјалниот претставник рече дека „во секој момент имињата на тројцата уапсени ќе бидат предадени“, пренесе АФП.
Прекинот на огнот требаше да започне денеска во 8:30 часот по локално време (7:30 часот по средноевропско време).
Телевизијата Ал Арап објави дека тројца Палестинци биле убиени во источниот дел на градот Газа од беспилотни летала кои отвориле оган, соопштија здравствените власти.
Израелската војска потврди дека продолжува со нападите врз Газа, додавајќи дека погодила терористички цели на север во центарот на Газа. Борбени авиони извршуваат серија воздушни напади, објавија израелските медиуми.
