Хаос на аеродромот во Бергамо – при слетување пукна авионска гума, патниците итно евакуирани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Италијанскиот меѓународен аеродром „Орио ал Серио“ во Бергамо утрово е затворен откако при слетувањето пукна гума на летот на Рајанер, соопшти управата на аеродромот.

Никој на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, јавува Анса.

Пожарникарите помогнаа во евакуацијата на патниците.