По вчерашниот повик на претседателот Џо Бајден сите Американци кои не се вакцинирани да се вакцинираат, а они кои се да зема засилувачка доза, денеска на Твитер истото го порача и неговата потпретседателка.
– Американците кои се вакцинирани и квалификувани за засилувачка доза, треба да го искористат моментот и да земат засилувачка доза. Оние кои не се вакцинирани, треба да се вакцинираат, напиша на Твитер потпретседателката на САД, Камала Харис.
Повиците на Администрацијата во Вашингтон за вакцинација против Ковид-19 се засилија откако минатата недела беше откриена нова варијанта на коронавирусот со потекло од Јужна Африка, од СЗО призната и наречена Омикрон. Според познавачите, овој сој има поголема способност за ширење од досегашните, но со поблаги симптоми.
