Харис и Бајден ќе му се јават на Трамп за да му честитаат на победата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поразениот демократски кандидат Камала Харис треба подоцна да му се јави на Доналд Трамп за официјално да го признае поразот на изборите.

Во меѓувреме, потпретседателката работи на говор за признавање на поразот, кој треба да го одржи подоцна попладнево, пренесува NBC News.

Претседателот Џо Бајден, исто така, планира телефонски да му ја честита победата на Трамп, а подоцна јавно ќе се обрати до Белата куќа, изјави претставник на Белата куќа.