Доналд Трамп победи на изборите во САД во 2024 година. Веќе доби честитки од сите земји, додека Камала Харис и натаму не се огласува.
Од нејзиниот кабинет соопштиле дека нема да зборува, се додека конечно не се пребројат гласовите.
Таа беше во Универзитетот Хауард за време на изборниот процес, но потоа се гледаше од снимките дека нејзините приврзаници ја напуштаат зградата порано од целосното пребројување на гласовите.
Медиумите во САД веруваат дека е во официјалната резиденција на потпретседателот во Вашингтон, и се очекува уште денеска да ја напушти резиденцијата, и да замине на Универзитето Хауард.
Заменик претседателот на кампањата на Харис, Седрик Ричмонд изјави:
„Ќе продолжиме да се бориме во текот на ноќта за да се увериме дека секој глас се брои. Секој глас е важен“, рече тој.