Хасани: И во приватните болници тешко се наоѓа кревет, ама забавата во кафулињата не застанува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-минситерот за здравство Илир Хасани на својот Фејсбук напиша дека едвај има слободни болнички кревети во приватните болници додека, забавите во кафулињата не запираат.

Поранешниот директор на ТОАРИЛУЦ преку социјалната мрежа Фејсбук повикува на поголема грижа и почитување на анти-ковид мерките.

„И додека болниците се преполни со пациенти поради компликации од Ковид19, па скоро и во приватните болници тешко се наоѓа слободен болнички кревет, сепак забавата не застанува во кафичи и кафеани.

Ова невнимание скапо ке не кошта.

Внимание, внимание, внимание додека не е многу доцна!“, порача Хасани.