Хасани: Полни капацитетите во болниците во Куманово и Прилеп за пациенти со коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик министерот за здравство Илир Хасани во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека последниве денови новите случаи со коронавирус се зголемуваат.

„Поради зголемувањето на направени тестови се и зголемените бројки. Денеска во Куманово и Прилеп имавме информации дека се полни капацитетите коишто се планирани за пациентите со ковид-19. Во другите болници состојбата е под контрола“, додава Хасани.