Заменик министерот за здравство, Илир Хасани за ТВ21 вели дека на денешната седница на Владата се дискутирало за долгите колони што се видоа вчера на влезот и излезот од државата на граничниот премин „Блаце“. Било оценето состојбата е алармантна и апелира до граѓаните да не ја злоупотребуваат границата.
„Денес владата разговараше за долгите колони на границата меѓу Северна Македонија и Косово, бидејќи вчерашните слики од преминот се крајно загрижувачки и уште еднаш апелирам до граѓаните да не ја злоупотребуваат границата“, вели Хасани за ТВ21.
Тој вели дека се дискутирало и за здравствените капацитети во земјата, најавува дека во наредните денови ќе се фокусира на подигање на свеста на граѓаните за усогласеност со мерките.
