Земјотрес со јачина од 4,7 степени синоќа го потресе југот на Италија, поточно во Сицилија. Земјотресот бил почувствуван во голем дел од територијата на Италија.
Епицентарот на земјотресот бил на 75 километри од градот Месина. Засега нема информации за повредени или посериозна материјална штета.
