Хегсет: На Иран не може да му се дозволи да го блокира Ормутскиот теснец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, изјави дека САД „не бараат војна“, но додаде дека на Иран „не може да му се дозволи да блокира невини земји и нивните стоки од меѓународен воден пат“, осврнувајќи се на Ормутскиот теснец.

На прес-конференција во врска со развојот на настаните во теснецот, Хегсет рече дека „Проектот слобода“ е различен од операцијата „Епски бес“, која САД ја започнаа на 28 февруари.

„Мисијата на Проектот Слобода е да ги „заштити невините трговски бродови од иранската агресија“, изјави Хегсет.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата објави дека САД ќе започнат операција за ослободување на бродовите блокирани во Ормутскиот теснец од почетокот на војната против Иран.

Според Трамп, на овие бродови и на морнарите на нив им снемува храна и други потребни производи.

Според поморската агенција на ОН, 2.000 бродови со околу 20.000 морнари се заглавени во Ормутскиот теснец од 28 февруари.