Хеликоптери полетаа кон Пехчево за гасење на пожарот, во еден од нив и директорот на ЦУК Ангелов (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет хеликоптери полетаа кон Пехчево на гасењето на пожарот кој ја зафати таа област. Во еден од хеликоптерите беше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој објави и видео на социјалните мрежи.

Тој кажа дека ако има можност, ќе објави и видео како се гаси пожар во живо.

„По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар.Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух.“, напиша Ангелов.