По разорниот земјотрес што вчера ги уништи Петриња и околните области, тлото постојано се тресе. Бројни спасувачки служби се на терен.
Членовите на Хрватската служба за спасување вчера поминаа низ 50 села со екипи од 5 лица, вкупно околу 180 лица.
Тие извлекоа 6 живи лица и за жал, четири починати лица.
Секоја куќа беше прегледана и евидентирана. Исто така, имаше грижа и за лица со полесни повреди.
Тие организираа и испорака на храна и вода, гориво за единиците бидејќи немаше електрична енергија.
