Мандатарот Заев предлогот за нова Влада го достави до Собранието, а таму и CV за пратениците да се запознаат со новите министри.
Во биографијата Заев, покрај професионалната кариера, пишува и дека израснал во скромно, земјоделско и традиционално семејство и оти од рана возраст бил вклучен во семејниот земјоделски бизнис.
Заев стана синоним за храброст и предводник во борбата за правда, слобода и демократија, наведено е во неговата биографија доставена вчера до Собранието.
За Горан Милевски, лидерот на ЛДП, пишува дека пред да стане пратеник, бил професор по економски предмети во училиште во Битола, а од познавања му се наведени MS Office и Internet.
Mинистерот за животна средина и екологија Насер Нуредини се школувал за меѓународен бизнис во Австрија, Германија и Велика Британија. Во графата за течно зборување кај Нуредини се наведени: албански, англиски, германски и италијански јазик, додека во графата само „зборува“ го пишува: македонскиот и српски јазик.
Најскромно е CV-то на Аријанит Хоџа, претставено е на половина лист од A4 формат. Најдолго пак е на Фатмир Бесири, дури на 10 страници напишано со ситни букви.
Старо-новиот министер за здравство, Венко Филипче во свето портфолио ставил и фотографија на која пак стои старото име на државата – Република Македонија.
Техничкиот премиер и најверојатно иден министер за внатрешни работи, во делот на јазици заборавил да го додаде ромскиот јазик.
Најбогато CV во однос на познавање на компјутерски вештини има она на градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски кој пак ќе биде иден министер за транспорт и врски. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а има сертификат за 3DS Max, како и познавање на Auto Cad и Archi Cad.
Останатите министри најголем дел не потенцирале, другите пак кои имаат навеле дека познаваат Microsoft Word, Microsoft Excel, Microsoft Power Point, Microsoft Outlook и Internet Explorer.
Собраниската седница за избор на нова Влада е закажана за в сабота.
