Хоџа: За Влада не може да се зборува без мандати, Вреди можеби решиле да ја поддржи Силјановска за претседател

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа вечерва во „Клик Плус“ ја коментираше средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Арбен Таравари, дел од коалицијата Вреди, за која рече дека без пратеници и мандати не може да се зборува за Влада.

Тој вели дека средбата Мицкоски-Таравари може да биде само оправдано ако Вреди решиле да го поддржат кандидатот на ВМРО за претседател.

„Колку и симболично да зборуваме како Европски фронт во овој период, за жал од ден на ден се докажува дека нашите оценки за целиот овој политички процес, вклучително и девијации и аматеризам на албанската опозиција, се докажуваат на дело преку овие појави. Моментот кога немате пратенички мандати, кога сте 3 дена или 2 дена пред избори и се знае дека владата е составена од пратеници, таа е составена од мандати, единствената форма која може да го оправда објавувањето на оваа фотографија е ако претставниците на Вреди решиле да го поддржат кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, што за нас не е нешто ново, не е изненадување. Но, верувам дека по целата оваа кампања, како во првиот круг на претседателските избори, така и во овој циклус од предизборната кампања за парламентарните избори, се докажа дека, навистина, политичката понуда на албанската опозиција на Граѓаните беа заменети само со милоста на Мицкоски или ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од која било власт која ни Мицкоски не знае како ќе ја оправда на 8 мај“, рече Хоџа.