Холандија планира укинување на 25.000 работни места во државната администрација до 2035 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Холандската влада планира до 2035 година да укине 25.000 работни места со полно работно време во државната администрација, што претставува околу 16 проценти од вкупно 160.000 вакви работни позиции. Ова го најави државниот секретар Ерик ван дер Бург од Народната партија за слобода и демократија (ВВД).

Во одделни сектори на администрацијата бројот на работни места ќе биде намален за 20 проценти, додека во други кратењата би можеле да достигнат и до 60 проценти, пренесува „НЛ Тајмс“.

Владата во Амстердам не планира општа забрана за вработување во државната администрација, но внимателно ќе проценува дали е неопходно да се пополни секое испразнето работно место.