Холандската Влада поднесе колективна оставка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата на холандскиот премиер Марк Руте колективно поднесе оставка поради извештајот во кој се обвинува за лошо управување со субвенциите за згрижување деца, што доведе илјадници семејства во финансиска пропаст, јави националната телевизија НОС.

Руте ќе го извести кралот Вилем-Александар за таа одлука подоцна денеска и ќе одржи прес-конференција.

Тоа е третпат како кабинетот на Руте паѓа поради афера околу додатоците за згрижување деца, два месеци пред изборите за Долниот дом на Парламентот.