Холандскиот селектор Куман хоспитализиран поради проблеми со срцето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот на националниот тим на Холандија, легендарниот Роналд Куман, е хоспитализиран во Универзитетската клиника во Амстердам поради проблеми со срцето.

Тој утринава се пожалил на здравјето, а попладне бил пренесен во болница каде што му е констатирано дека имал мал срцев удар.

Од болницата соопштија дека животот на Куман не е загрозен, и дека ќе му биде вграден стент.