Холанѓаните кои беа прогласени за највисоки луѓе на светот, сега се малку пониски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Холанѓаните кои важат за највисоки луѓе на светот, почнале да бидат пониски. Генерацијата на Холанѓаните родени 2001 година, е пониска од онаа родена 1980 година, соопшти Националниот завод за статистика.

Холанѓанин од 19 годни сега е просечно висок 182,9 сантиметри, додека маж роден 1980 година е во просек 183,9 сантиметри.

Холанѓанка од 19 години сега е просечно висока 169,3 сантиметри, а оние родени 1980 170,7 сантиметри.

Разни фактори влијаат на воа, а најголема има миграцијата и начинот на исхраната, се наведува во една студија. Меѓутоа и натаму Холанѓаните остануваат највисоки на светот.

Следуваат граѓаните на Црна Гора, Естонија и БИХ.

Кај жените, исто така Холанѓанките се највисоки, а следуваат жените од Црна Гора, па од Данска и Исланд.

Најниски мажи се од Источен Тимор, а најниски жени од Гватемала.