Хорор по отварањето на еврото: Убиен навивач на теренот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По победата на Германија против Шкотска на отворањето на Европското првенство, на спортскиот терен на ВфБ Унтерлидербах во Франкфурт изби масовна тепачка во која загина еден навивач.

Почувствувајте ја победата.

Тоа се случи во петокот околу 23 часот.

Избодениот навивач починал на спортскиот терен. Според полицијата, тој се здобил со убодна рана во горниот дел од телото.

Пристигнале полициски сили, како што пренесува „Билд“, но било предоцна. За 31-годишниот Германец немаше спас.

Осомничениот наводно сам се предал и во сабота треба да се појави пред истражен судија поради сомнение за убиство од небрежност. 30-годишниот осомничен од Фридберг е исто така Германец.

Деталите за нападот се уште не се познати.

Потсетуваме дека ова не е прв случај на убиство во Еуро.