Хорор во Белград: Го закопал телото на својот татко за да ја зема неговата пензија осум години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На улицата Тошин Бунар во Нов Белград се пронајдени човечки коски, кои според првичните информации му припаѓаат на 79-годишниот Д.Б., кој исчезнал пред осум години, пренесува Телеграф . Коските биле пронајдени додека работниците ги копале темелите на куќата.

Набрзо на терен излегла и полицијата. Д.Д., син на исчезнатиот 79-годишен маж, им раскажал како татко му починал од природна смрт и дека потоа го закопал во дворот. Телеграф дознава дека синот го закопал телото на својот татко за да продолжи да ја добива пензијата. 

За случајот е информирано Вишото јавно обвинителство во Белград. Истрагата е во тек, а обвинителството ќе побара против синот да биде поднесена кривична пријава за измама. Јавен обвинител изврши увид на лице место со полициски службеници и други надлежни служби.

Соседите се распрашувале за лицето, но синот рекол дека татко им е неподвижен и дека се наоѓа во домот.