Четиригодишно дете шпќома во Виена откако, наводно, повеќе пати било избодено со нож од неговата мајка.
Злосторството се случило во неделата, околу 7 часот и 30 минути, а полицијата го уапсила Елифнур О.(29), по потекло од Турција, поради сомнение дека на детето му нанел смртоносни повреди. Според Хеуте, станува збор за жена која работела како воспитувачка во градинка.
Соседите, како и најдобрата пријателка на осомничениот, велат дека Елифнур била грижлива мајка и дека не можат да сфатат дека таа може да крене рака на своето дете.
Во моментот на злостроството, во станот биле и сопругот на осомничената и таткото на детето, кои повикале брза помош и полиција. Таткото се обидувал да го спаси синот, но не успеал.
Мотивот за убиството останува непознат.