Овен (21.3 – 20.4)
Квадратот меѓу Меркур во куќата на патувањата и образованието и Сатурн во куќата на непријателите, пречките и ограничувањата, носи проблеми поврзани со странство, правни акти, легализација, „папирологија“ и деловни договори.
Бик (21.4 – 21.5)
Напнатиот аспект меѓу Сатурн во куќата на парите и Меркур, владетелот на вашите финансии, во истата куќа, ве предупредува на финансиски проблеми и вонредни трошоци. Не е поволен момент за донесување важни деловни одлуки. Внимавајте на циркулацијата.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Вашиот владетел Меркур, во куќата на бракот и партнерските односи, денес формира квадрат со Сатурн во куќата на кариерата, што носи конфликти и расправии со претпоставени, авторитети, родители или саканата личност. Можна несоница.
Рак (22.6 – 22.7)
Предизвикувачкиот аспект меѓу Сатурн во куќата на патувањата и образованието и Меркур во куќата на работата и здравјето, неповолно влијае врз комуникацијата со соработниците, полагањето испити и добивањето патни документи. Задржување течности во организмот.
Лав (23.7 – 22.8)
Меркур, кој управува со вашите финансии, во куќата на љубовта и креативноста, формира напнат аспект со Сатурн во куќата на парите, носејќи финансиски проблеми. Направете план како да остварите приходи од нов извор.
Девица (23.8 – 22.9)
Вашиот владетел Меркур, кој управува и со кариерата, во куќата на приватниот живот, прави квадрат со Сатурн во куќата на партнерските односи. Ова предупредува на семејни проблеми, па дури и на развод или раскин.
Вага (23.9 – 22.10)
Напнатиот аспект меѓу Сатурн во куќата на секојдневието и Меркур во куќата на комуникациите носи проблеми со претпоставени, родители и авторитети, како и озборувања на работното место. Посветете повеќе внимание на хроничните здравствени тегоби.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Меркур, кој управува со вашите деловни активности и финансии, во куќата на парите формира предизвикувачки аспект со Сатурн во куќата на креативноста, правејќи ве склони кон преиспитување на деловните одлуки. Можен контакт или средба со поранешен љубовен партнер.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Сатурн во куќата на приватниот живот прави квадрат со Меркур во вашиот знак, кој управува со партнерските односи. Тоа носи проблеми поврзани со грижа за постари или немоќни членови на семејството, како и конфликти со саканата личност.
Јарец (22.12 – 20.1)
Вашиот владетел Сатурн во куќата на комуникациите прави напнат аспект со Меркур во куќата на ограничувањата и пречките, што неповолно влијае врз односите со браќа, сестри и роднини. Можни се проблеми на кратки патувања, со документација и договори.
Водолија (21.1 – 19.2)
Меркур прави напнат аспект со вашиот владетел Сатурн, носејќи проблеми со „папирологија“ и патна документација, особено на прекуокеански патувања. Можен е контакт или средба со поранешна симпатија. Потребен ви е одмор.
Риби (20.2 – 20.3)
Квадратот меѓу Меркур во куќата на кариерата и Сатурн во вашиот знак предупредува на конфликти со авторитети, претпоставени или родители. Бидејќи Меркур управува и со седмата куќа, можни се расправии со саканата личност и проблеми поврзани со судски спорови.
