Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои дневно пристигнуваат во Министерството, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 61 болен, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19.
Во ковид-центарот во Охрид хоспитализирани се 100 пациенти, во Прилеп 119, во ковид-центарот во Гостивар 66, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 18, Кавадарци 54, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар седум позитивни и сомнителни на вирусот.
– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид-центрите, информира Министерството за здравство, напомнувајќи дека предвид треба да се има дека бројките се менуваат од час во час според направените приеми и дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство наведува дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
