Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската населба Ѓорче Петров остануваат во притвор, откако Кривичниот суд во Скопје денеска им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Претходно, на осомничените им беше одреден краткотраен притвор од 48 часа, а со новата одлука на Судот тие ќе останат во притвор додека продолжува истрагата за случајот.
Надлежните органи продолжуваат со преземање истражни дејствија за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство.
