Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави видео од малиот Реџеп кој успеал да ја победи болеста и насмеан си заминал од Детската клиника.
„Реџеп ја победи болеста!Реџеп има само три години и ги направил трите најважни работи во животот: храбар е, не плаче и ја победи болеста! Му посакувам секогаш да е жив, здрав и насмеан. Браво за Детска клиника, браво за целиот тим за третманот на нашите најмили! Гордост сте“, пишува Филипче.
